Донеси ми гуска

Зборам со другар ми што лежи во болницаzamrznato pile
и ми вика да му донесам гуска
кога ќе му дојдам во посета, неговата ја украле
Малце ми е чудна нарачкава ама
вероватно му дозволиле да си донесе милениче,
побзро да му поминуваат болничките денови
Бев на пазар, нигде нема гуска да се купи,
па купив пиле,…. намерно го земав замрзнато
за подолго да му трае
А и онака нема да примети, на лекови е
Влегувам кај него во соба
и целиот насмеан му ја давам
„еве ти, целоСкопје го свртев
само оваа гуска ја најдов“
„ти ме заебаваш?.. мислев на „гуска“ за мочање,
не на оваква за јадење !! “
„Еј па што не ми кажа точно ?
ама добро де, гледаш има дупка тука
во пилево ..гледаш ?“
„Да има, па што“
„Па стави го внатре и мочај,
Кога ќе ја наполниш ќе ја ставам на парно
да се исуши па од поново.
Па здравје боже ако т.е. кога ќе оздравиш
ќе ја изедеме“ – го тешам некако
„Ауу, да печена со соја сос“
„Не бе, не јадам соја, може печена во пиво“
“Е не може, моја е како сакам така ќе ја спремиме“
„Тоа што си болен не ти дава за право
да ми се чаталиш …. да не те исклучам од апаративе“
“Добро …ај остави ја и губи се да не те видам“
„Е па нема, кога си таков сељак не ја оставам
ќе ја земам со мене“
„Аха сега ќе видиш… Сестроооо“- почна да се дере
Е ми пукна филм, го исклучив апаратот од струја.
Ликот почна чудно да му се менува
како во „шашаво“ огледало
во луна парк и цркна..пардон почина достоинствено
Слушам чекори и го сокрив пилето под маичка
Влегуваат 2 сестри и едната му го мери непостоечкиот пулс
а другата ми се обраќа
„А вие сте му другар ?
Што да излажам, штоо ?.. ми текна
„Не , јас сум му жена, еве носам негово дете“
-и покажувам на „отечениот“ стомак
„Ах да, од модерните бракови сте вие“-искоментира
Наеднаш некако чудно ме загледува и панично викна
„О нее, брзо со мене ,ви пукнал водењакот“
Сакав да и кажам дека се зезам, дека
тоа што тече е замрзнато пиле кое
почнало да се топи ама касно
Ме легна на кревет, ми стави маска
и пред да ме успие анестезијата
си помислив
„Да можам да му ја видам фацата
на гинекологот што ќе ме пораѓа,
ем мајката-машко, ем бебето-пиле
ќе се преврти јадникот
Хаха топ ќе биде, гарант и на Сител ќе ме има“

Посетено 300 пати