Значи навреди како: “Nigger”, “Црнчуго”, Циган”, “Црн ко гомно” не се ЗАБАВНИ и нема да пројдат онака…

Револтираната мајка Милена А. Милошевска, ноќва на Фејсбук го пренесе непријатното искуство на нејзините малолетни деца. Причината за револтот се соодржи во се уште присутните стеротипи и предрасуди врз основа на расна и верска определба.

Таа наиде на силна поддршка од нејзините сограѓани, кои притоа беа згрозени од тоа што им се случило. Исто така изразија и жалење за настанатата ситуација, а дел од нив истакнаа и дека нејзините деца се прекрасни и воспитани.

Во продолжение ви го доловуваме целосниот статус на видно потресената мајка:

ДОСТА Е!!!

Син ми Нишон (13г.) и неговите брат и сестра (9г.) одејќи кон музичкото училиште, на плоштадот Македонија во родниот ни наш град Скопје. Биле нападнати вербално на расна основа од страна на двајца млади мажи околу 20г.Им го попречувале патот и ги нарекувале “Niggers”. Син ми, НИШОН е удрен со многу силна тупаница по главата (повреден) поради тоа што ги прашал дечките зошто ги навредуваат и дали тоа го прават на секој поразличен физички од нив…

Имало луѓе наоколу, но никој ништо не сторил во моментот…

Дечките избегале, јас како мајка случајот, потоа, го пријавив во полиција и им ветувам на моите деца, дека јас како нивен протектор, ОВДЕ,ДОМА во Р.С.М. Нема да дозволам повеќе да бидат/бидеме вербално и физички напаѓани без никаква основа, а никако па на расна основа…
Значи навреди како: “Nigger”,”Црнчуго”, Циган”, Црн ко гомно” не се ЗАБАВНИ и нема да пројдат онака…

П. С. “Јас имам предрасуди кон оние кои се полни со предрасуди”.

ВЕ МОЛАМ ПРЕНЕСЕТЕ

БЛАГОДАРАМ ❤️

Посетено 1.704 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!