ЗАРОБЕН ВО СВОЈОТ СВЕТ
„ако ви е смачено од светот во кој живеете
купете си еден посебен, САМО за вас“
-гледам огромна реклама на излог
Супер идеја е, ај баш ќе влезам да прашам
„и какви светови нудите?“
„држава во Африка.. 2,6 милијарди евра“
„ауу, изгор, од кај ми толку пари?“
„пуст остров на пацифик…само 1 милијарда“
„и ова е скапо, нешто поефтино“
„овој глобусов 200 ден“
„еј живо џабе, што е со него?“
„се отвара горниот дел, си влегуваш и толку,
си живееш во свој свет“
„ај да пробам, може?“
„може ама само потпиши го ливчево“
И така, потпишав нешто, ми го отвори капакот,
влегов внатре и го затвори… некој чуден ШКЉОЦ се слушна
Леле која темница, страшно е, ме мава клаустрофобија
„отвори, отворииии“- чукам како луд-„сакам да искочам“
„е не може, не се отвара.. еднаш го затвараш капакот и толку“
„што толку, ќе останам заробен цел живот?“
„е па сам сакаше да живееш во посебен свет..еве ти сега“
„ќе те тужам жими се’“
„ма џабе ти е , нели потпиша едно ливче?“
„еј да,добро… кажи барем кај се пали светло, интернет нешто?
„хаха не ти треба тоа.. за 10 мин ќе се потроши воздухот
и ќе се угушиш…ама барем ќе умреш во својот свет“
„фала, баш ме утеши, копук еден преварантски“
„чао кретену, отидов на пауза“- кажа и ме остави сам
Убаво е човек да живее во посебен свет,
ама дефинитивно не по секоја цена, поготово не ефтина
Нема врска, ај да ја испушам последната цигара,
барем нешто убаво да ми се случи на крај
Ех немам упаљач, што малер
ми се погоди денов, не ми се верува
Ок сам сум крив, живеев изветреано ама ветувам
дека од понеделник ќе се попр…. еј чекај,
па нема да го дочекам понеделник, срање
Како и да е ме фаќа некоја убава дремка, малку ми се врти
ама уствари супер смрт е оваа, ќе си заспиеш насмеан и толку
Кој не планира да иде кај Господ може овака да си умре,
насмеан и заробен во својот свет