Вреднувајте го она што го имате

Љубовта е поимање и чувствување на многу нешта, никогаш дефинирана, секогаш автентична. Љубовта секому му е важна, никому одважна, таа не знае да се ,,прави важна” – каде ја има таму нема суета и горделивост. Љубовта е давање, грижа и почит, но не ретко раѓа и негативни чувства, бол и бес. Подготвеноста да се мисли за сопствените негативни чувства, веќе е љубов и почит кон себеси, што значи подготвеност несебично да сакаш. Во нашата природа е да не ги гледаме вредности во она што го имаме, туку во она што го немаме, затоа и мечтаеме. Не е среќен оној кој има сѐ, туку оној кој не го посакува она што го нема! За здрава мисла, пред уште еден вообичаен карантински ден, гушнете го тоа што го имате, негувајте љубов кон сѐ што ве опкружува, ќе ни треба МНОГУ ЉУБОВ за да преживееме

Татјана Алексиќ

Посетено 624 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!