Утринско кафе со Вики Чадиковска

Јас сум ранобудник, како птиците. Утрото во работниот дел од неделата, ми почнува во 5. Си подготвувам кафе. Го пијам и паралелно подготвувам појадок за моето семејство, се подготвувам и за моите работните обврски. Раното будење ми помага да го намалам стресот од почетокот на секој нов ден. Додека уживам во вкусот на утринското кафе, си дозволувам мало разгалување на моите сетила со 15тина минути уживање во изгрејсонцето. Имам еден убав ритуал на набљудување на небото, кое во тие први утрински мигови изгледа магично. Ова практично ми дава енергија за дневното динамично темпо.

За време на викендите си дозволувам малку посмирено темпо. Терминот за утринското кафе ми почнува малку подоцна, а вкусот на кафето го споделувам заедно со мојот сопруг.

Кафето за мене е убав ритуал, да бидеш сам со своите мисли, да си го организираш денот, да ја делиш љубовта или да си ги видиш пријателите. Ви посакувам убав ден, додека уживате во магијата на кафето 🙂

Посетено 1.942 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!