Утринско кафе со Предраг Терзиоски


Утринско кафе

1985

Седам у Париз кај Васе у трговски кафето, цигарата, Нова Македонија, луѓе во движење, лица ведри неоптоварени. Туристи од соседните земји во шопинг. Неподнослива леснотија на постоењето.


2015

Брисел, огромна зградурина на меѓународна организација, се извлекувам од една од безбројните канцеларии, Џорџ Клуни ми се смее од Nespresso машината. Ја земам шољата со кафето, посветено ко да е штафета на младоста и го започнувам долгиот марш: 1 километар низ ходници, 4 секјурити поинта, два метал детектори… и конечно означеното место за пушење. Мала оаза на слободата и индивидуалноста, ги сркнувам и кафето и цигарата у секунда, и назад у машина.


2025

Седам у некој нов Париз, во некој обновен разубавен отворен трговски…луѓе во движење, лица ведри неоптоварени. Го мерачам утринското кафе кое го затвора кругот, повторно неподнослива леснотија на постоење.


Посетено 1.669 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!