Утринско кафе: Велибор Џаровски – Џаро

Ранобудник сум, сеуште. Навика од млади години.

Денот го почнувам со кавга. Мојата омилена кавга, со сопругата Виолета. Ништо страшно, околу кафето се ‘караме’, за секој случај, немој да ми стаи сол уместо шеќер. Како што вика сопругата, тоа трае веќе 40 години.

После ‘кавгата’ наместо апче за смируење ми доаѓат внуците пред да идат во школо, Лука и Лара. Лука е талентиран за клавир, а Лара е талент за глума. Ги закачам малку околу симпатии, ги прашувам како на школо и слично.

Откако ќе отидат на училиште, на репертоарот следува ТЕЛЕТЕКСТОТ..

Пратам мечеви од сите спортови, од сите континенти поради различните временски зони, сумирам и искачам до Спорт Лајф шо ми е у комшии. Мали совети за добивка на спортска:
1. Не се игра секој ден, се игра виќендашки
2. Се играат или сингалки или системи
3. Не се играат више од пет пара и никако не се типуваат паровите предложени од кладилница.

Освен шо идам на ‘работа’ у кладилница, одам и по настани, колку шо дозволува времето. Пред два дена бев на премиера на документарниот филм на Пеца Поповиќ ‘Заробено време’ каде што има одвоено доста квалитетен фрагмент за мене, за кариерата, спортот, естрадата. Баш тој дел доби доста овации, што ми дојдоа добро после некое време.

Мајка ти и татко ти решија да го пиеме утринското кафе на петок 13-ти, па евен еден тип од мене, скромен, колку да има за кафенце. Еден рекреативен тикет.

За крај, би им предложил на сите што имаат време на 14-ти Април да дојдат во МОБ на гала-концертот на Вејчеслав Поповски. По мене, тој и Тоше се најголеми таленти што некогаш ги видела нашава земја.

Посетено 4.624 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!