Телефонскиот именик на татко ти
Своеврсна колекција од голем број на нумерички кодови.
[fblike]
Како и сите други татковци, така и твојот покрај редовната работа сигурно има четрстотини хобија и разоноди, па затоа во својот мобилен именик ги чува контактите од потенцијалните соработници. Драгоцени контакти.
Најчести се:
-
Дуле такси – таксист по кој шо праќал торбици со готвени јадења додека си бил на студии.
-
Крис– другар од основно; или е мртов или е у Австралија
-
Стојан за парно – му должи 150 евра, ама кој го врти
-
Пелети Берово – го прочитал бројот негде на оглас, ама и оваа година порачува мокра бука за огрев
-
Душко Прасе – од некој шо редовно пазарува мрсна полутка
-
Санде за грозје – полубог
-
Класна син – број од класната од средно, да оправдува часови
-
Бранко наш – само ваш е, нема проблем
-
Ламелата – така го викат автомеханичарот шо редовно го бања вишка пари за делови
-
Оток – мајка ти
Посетено 661 пати