Како дo свој персонален мултимедијален “Облак”
Благодарените на брзата интернет конекција и поради фактот што скоро секој корисник на компјутер е приклучен на интернет, се појавија компании кои изнајмуваат или бесплатно нудат складирање на вашите податоци на нивните сервери. Сервисите како OneDrive на Microsoft, Google Drive, DropBox, CloudUP, BOX и останатите тоа го нудат бесплатно. Но, постојат ограничувања и доколку сакате поголем простор ќе морате месечно или пак годишно да се претплатите. А, надоместокот не е мал. Датотеките кои сте ги прикачиле на сервисите можете да изберете и со кого да ги споделите, а можете и да одберете само вие да може да ги прегледувате. Поради ограничувањата на наведените сервиси, се појави потреба од перонален Storage (складиште) кое што ја има истата функција, само без месечната претплата и без ограничувањата во големината и користењето.
Од Логин Системи ни го дадоа на тестирање QNAP Storage кој што е брз, лесен, безбеден и најдостапен начин за да ги прикачите, за да пристапите и да ги споделите датотеките од вашата локација, било тоа да е вашиот дом, вашата компанија, или пак и двете. Покрај тоа, ќе го “олабавите” и компјутерот од големиот број на мултимедијални датотеки. Без разлика дали ви е потребна копија, споделување или пак Online соработка на некој проект, QNAP има лесно решение за вашите потреби. Со QNAP NAS бесплатно доаѓа опцијата MyCloudNAS која лесно ви дава пристап до вашите податоци од било кој веб пребарувач, компјутер или пак мобилен уред. MyCloudNAS десктоп апликацијата го претвора вашиот приватен облак во локален диск, каде што лесно можете да префрлате податоци, како музика, филмови, слики, документи … Исто како екстерен хард диск. Само што до податоците можете да пристапите каде и да сте и во било кое време. Само ви е потребна интернет конекција, секако, доколку сте оддалечени од компјутерот на кој што е приклучен уредот. Мобилните апликации се совршено направени за лесен и брз пристап до датотеките.
Можете да пренесувате (Stream) музика, филмови, слики на телевизор на кој што има DLNA, на било кој компјутер, медиа плеер, или пак мобилен уред (Android, iPad, iPhone), или пак да прикачите веб страна или пак приватен блог. Можете да изберете и кои датотеки со кого да ги споделите. Можете да го подесите во реално или во одредено време од денот да прави BackUp (копирање) на податоците од компјутерот кои што ви се од голема важност и на тој начин тие ќе бидат безбедни. Поради тоа што има Linux OS исто така има и голем број на апликации кои ќе ви ја олеснат работата и има NAS Market (Како Google Play Store или Apple App Store) од кај што можете да ги преземете и лесно да ги инсталирате апликациите.