СОРОС ЗАДОВОЛЕН: Го исполнив вековниот сон да го сменам името на Македонска Каменица
Џорџ Сорос унгарски милијардер и прв братучед на сатаната вели дека е задоволен од тоа што Република Македонија и Република Грција го ратификуваа Договорот од Преспа и дека со тоа му се остварил вековниот сон да го смени името на Македонска Каменица.
„Не беше лесно, беше скапо, но кога нешто сонуваш тоа мораш и да го реализираш. Со векови сонував да се смени името на Македонска Каменица, направив две светски војни, го инсталирав Тито и не успеав до сега. Моќната македонска држава беше трн во око на светската глобална елита и сега со промената на името не можат да ни застанат на патот!“ објасни тој.
Фотошоп на Сорос кој имал желба да го запознае Груевски, а не можел никако
Дали Сорос ќе застане само на ова или има и други вековни сништа останува да видиме.