”ШО МАЈКА ТИ” за почетници

Здраво.

Да најавам дека завршив со пишување на мојот прв бласфемично-хипер-реалистички прирачник ”ШО МАЈКА ТИ – за почетници”.

Ќе биде издаден за издавачката ТРИ, но исто така и за Или-Или. Промоцијата ќе се случи во кафе-книжарницата Магор (нормално). Вечерта ќе се отвори со концептуална инсталација од страна на авангардни перформери од aрт-студиото ВИЗАВИ. Апропо тоа, посетителите ќе имаат можност да уживаат во звуците на џез/неосајкоделик/уајт нојз составот ГЛУП СИ, НЕ СФАЌАШ ШО СВИРЕМЕ.
Како увертира за престојниот хепенинг Ви презентирам фрагмент од првиот чаптер:

”Кога на влезната врата ќе ти затропа инкасатор, цајкан, политички агитатор, јеховин сведок, извесен циган за операција, комшика у климакс или рандом пиче за анќета, затвори очи, земи воздух, потпри се со левата рака на касата од вратта, издиши низ носо, отвори очи, погледни ги , и ноншалантно ги прашај: ШО МАЈКА ТИ?”

Датумот на промоцијата ќе биде објавен веднаш после апокалипсата.

Посетено 706 пати