Децата со посебни потреби се’ што имаат е потребата да подарат чиста совршена љубов!

Денес бев сведок на еден многу немил настан.

Додека чекав ред на каса во Тинекс ( нема да кажам кој) касиерката додека наплаќаше на муштериите, од позадина таму некаде во маркетот се слушна два,три пати неконтролирано, (ако смеам така да го наречам) вриштење, плачење на едно мало момче од околу 5-6 години.

Касиерката сакајќи да се истакне со нејзината смисла за хумор рече: „Аман бре што му прават го дерат ли? Леле!“

Почна да се смее прво таа, а потоа сите во редот почнаа да превртуваат очи и да се смеат на таа реченица и без да знаат за што се работи сигурно почнаа да ја осудуваат мајката на детето како не си ја завршила добро работата во воспитувањето.

За 10 секунди излезе едно премило, преубаво момче од 5 годинки со мајката за рака и продолжи да вика. Од километри се гледаше дека детето има ментален проблем, најверојатно се работеше за аутистично дете.

Мајката негова со наведната глава со солзи во очите гледаше само побргу да излезе.

Си отидов и влегов во кола, но не можев да издржам ќе препукнев ако не кажев. И ѝ се вратив на касиерката внатре и пред сите кои чекаа ред и реков дека не е во ред да исмева дете кое сигурно е аутистично, малку ли ѝ е тешко на мајката, па уште вие и фалите пред сите да ја посрамите.

Касиерката ми рече што тоа мене толку ме загрижило, она не можела да сфати.

Ѝ реков дека и јас сум мајка на аутистично дете и нема право така да ги исмева, малку ни е нашата болка и мака па уште и вие и таквите како вас ни фалите да долевате сол на раните.

Продолжи да се расправа и правда, но не можев да ја слушам повеќе и си излегов.

Поентата на постов ми е да упатам апел до сите:

ИНКЛУЗИЈАТА НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ НЕ Е САМО НА УЧИЛИШТЕ, ТАА ТРЕБА ДА ЗАПОЧНЕ ОД ДОМА, ОТСТАПЕТЕ ГО ВАШИОТ РЕД ВО МАРКЕТ, НА ЛЕКАР… И ПРЕСТАНЕТЕ ДА ШЕПОТИТЕ ПОЗАДИ ГРБ: „ДУШИЧКА, ГРЕВОТА, ГРЕВЧЕ”

ВИЕ КОИ ШТО ШЕПОТИТЕ СТЕ, ВСУШНОСТ, ГРЕВЧЕ И ДУШИЧКА!

ПОЧИСТИ И ПОИСПОЛНЕТИ СО ЉУБОВ ЗА ДАВАЊЕ НЕМА, ОД ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ. СЕ’ ШТО ТИЕ ИМААТ ПОТРЕБА Е ДА ЈА ДАДАТ ТАА ЧИСТА СОВРШЕНА ЉУБОВ!

ЕТЕ ЗАТОА СЕ ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ 

Славица Митревска

*постот е ископиран од една фејсбук-група, се надеваме дека авторката на текстот нема да ни замери и дека нејзиниот апел ќе допре до повеќето читатели!

Посетено 345 пати