Под кревет

[fblike]
pajakot na panker_majkatiitatkoti
Веќе година и пол под кревет ми живеат
2 пајака, pajakus normalikus и pajakus ne-normalikus
Не ги разликувам баш, ама двата се срциња,
убави, културни, шармантни
ми ги јадат сите мравки, бубашваби, пикавци,
исечени нокти и шлајмови
И сега не ми се спие, 4 сабајле е
па се бутнав под кревет да си направам
муабет со нив
„Како сте ми деца, се’ е ок? “– ги прашувам
„Супер.. него кај ти е една девојка што ти доаѓаше,
една згодна, најзгодна и најслатка?“
„Знам на која мислите ама ете ја нема“
„Како ја нема?..Си ја изел, си ја шитнал,
си ја убил од љубомора, си ја избришал
од френдови на ФБ, си ја ..“.
„Ај не ме тупите, едноставно не постојам за неа,
си има други поважни работи од мене“
„Еј сељанка“
„Не е сељанка, јас сум сељак што не знам
како да ја задржам, ми кидна и толку“
„А пајажинава за кого ја праевме? .. поубав
џемпер може да сонува само“
„хаха ова џемпер?..ај не се трескајте од земја
на Зелено Пазарче има милион поубави џемпери“
„Стварно не си фер..а толку се трудевме, ќе се врати таа?“
„Не знам, мене душа ми искочи да ја вратам ама тешко,
себична е малце, си брка своја работа а за мене к.. ја боли“
„и сега што да првиме ние, да пукнеме од досада?
„не знам, јадете ме мене, грицкајте ме, немам што друго
да ви понудам?“
И така, додека не дојдеш
пајачињава полецка ќе ме грицкаат,
не боли, чешка по малце и нервира ако ти е уопште битно!!!
Посетено 816 пати

Watch Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) Episode 3 at website https://funimationfree.com. See more funimation streaming service

Watch The Irregular at Magic High School: Visitor Arc Episode 11 (https://animefreak.ws/m/6N1Q/ep-11) at website https://animefreak.ws anime freaks tv