Не беше таа лута – ти ја направи… Не беше таа дрска – ти ја налути… Не беше таа тажна – ти среќата и ја уништи…
Не беше таа лута – ти ја направи…
Не беше таа дрска – ти ја налути…
Не беше таа тажна – ти среќата и ја уништи…
На лицето бори и нацрта – наместо насмевки…
Мускули и соѕида – во душата..
Ѓердан од солзи ја закити…
А беше среќно девојче – трчаше кон тебе…
Кој ли ѕвер во неа го разбуди?…
За сега да не знаеш како со неа…
Зарем не ја гледаше – кога се смееше…
Тоа солзи беа скриени…
Зарем не ја слушаше кога зборува?
Тоа молитви беа – тивки тишини…
Ти херојот во кого се заљуби…
Никогаш не ги научи нејзините немири..
Сега со еден цвет сакаш душата да и ја купиш…
А не знаеше како – само требаше да ја помирисаш…
Таа душа ќе ти раскажеше се’…
За да научиш, како се живее…
Посетено 20.240 пати