Најди си девојка која си купува книги место облека, и во гардероберот нема место зошто е преполн со книги

 

Најди си девојка која си купува книги место облека, и во гардероберот нема место зошто е преполн со книги.
Најди си девојка која има карта за библиотека уште од десет годишна возраст и список со книги кои сака да ги прочита.

Најди си девојка која обожава да чита. Ќе ја познаеш по тоа што секогаш има недочитана книга во чантата. По тоа што со љубов ги разгледува рафтовите во книжарницата и и се гледа среќа на лицето кога ќе ја пронајде книгата што ја бара. Си видел ли некогаш некој како со восхит ги душка страниците на некоја нова, неотворена книга? Тоа го прават тие, читателите.

Таква е девојката која чита додека чека во бифето на аголот. Ако ѕирнеш во чашата, ќе видиш дека сеуште ја нема измешано пената, зошто е маѓепсана од книгата. Потоната е во светот, створен од авторот. Седни до неа. Таа може да те погледне гневно, зошто повеќето читатели не сакаат да бидат прекинувани. Прашај ја дали и се допаѓа книгата.

Купи и уште едно кафе.

Кажи и што мислиш за Мисо. Проучи дали успеала да се избори со првата глава. Разбери, кога кажува дека го разбрала „Алхемичарот” на Коелјо, го прави тоа само за да изгледа интелигентна. Прашај ја дали и се допаѓа Алиса и дали сака да биде Алиса.

Лесно е да одиш со девојка која чита. Подарувај и книги за роденден, за Божиќ и за годишнините. Дарувај ја со зборови во стихови и песни. Дај и го Неруда, Паунд, Секстон, Камингс. Покажи и дека знаеш дека зборовите се љубов. Разбери дека таа знае каква е разликата меѓу книгите и реалноста но, фала Богу, ќе се обиде да направи така да светот барем малку да личи на омилената книга. И ако успее, вината нема да е твоја.

Таа просто некако треба да се обиде.

Излажи ја. Штом се разбира од синтакса, ќе ја разбере и неопходноста да ја излажеш. Зад зборовите се кријат други нешта: мотивација, нијанси, дијалог. Заради тоа нема да запре светот.

Разочарај ја. Зошто девојката која чита знае дека разочарувањето секогаш води кон кулминацијата. Зошто разбира дека се има крај. И секогаш можеш да напишеш продолжение. Дека можеш да започнуваш одново и одново и покрај се да бидеш херој. Дека животот не е комплетен без некоја лоша фаца.

Зошто да се плашиш од се она што не си? Девојката која чита знае дека и луѓето исто како и хероите, се развиваат.

Штом откриеш девојка која чита, држи ја цврсто. Кога ќе ја најдеш будна во 2 по полноќ, плачејќи, ја притиснала книга на гради, направи и чаша чај и прегрни ја. Може и да ја губиш за по час-два, но таа секогаш ќе се враќа кај тебе. Ќе ти збори така што дури и ќе помислиш дека хероите од книгата се вистински, зошто за кратко тие навистина се вистински.

Ќе и предложиш романтика на балон во небото. Или на некој концерт. Или така спонтано, кога е болна. На скајп.
Ќе се смееш толку многу дури и ќе се чудиш како така срцето уште не ти прснало. Заедно ќе ја пишувате историјата на животот, ќе имате деца со чудни имиња и уште почудни вкусови. Таа ќе ги запознае со Мачорот во чизми и со Кралот Лав и тоа веројатно во еден исти ден. Зимата ќе ја минувате со страничките и тивко ќе ти го рецитира Шекспир, додека ти го чистиш снегот од обувките.

Најди си девојка која чита зошто таква заслужуваш. Заслужуваш девојка која може да ти го подари најхармоничниот живот, кој што можеш да си го замислиш. Ако единственото кое си способен да и дадеш во замена е здодевност и монотони мигови, подобро биди си сам. Ако сакаш да го добиеш целиот свет и световите над него, избери девојка која чита.

Или уште подобро – избери девојка која пишува!

Ivana Ivanchy

Посетено 6.841 пати