Колку ли ќе трае ова лудило на фејк забава на сопствената среќа? или тажачката за изгубеното а никогаш непризнат пораз?

Никој и никогаш тука на фб не напишал дека има персони кои не го живеат животот како што се претставуваат..дека образованието им е лажно, дека насмевките им се овековечен момент наспроти долгиот ходник на тагата и очајот на духот во кој се наоѓаат, пријателствата лажни или полулажни, атмосферата со свеќи им е бегство од светлината на денот и убавото, коментарите им се злобно-цинични или љубовно-упикувачки од интерес..

прераскажани фејк настани, блицови, фотошопови и нулта толеранција со висока резолуција..
лажна емпатија и затскриен цинизам со вкус на јас, јас и само јас..
сите ја сакаат државава, а кобат све што из`ртело од оваа земја..

перверзно скриени зад завесата на моралот играјќи марионетки со сопствениот живот и среќа..
постерите закачени тука ги гледаат и доживуваат како свои освоени медаљи неквалификувани за на ринг..
колку ли ќе трае ова лудило на фејк забава на сопствената среќа? или тажачката за изгубеното а никогаш непризнат пораз?

огледалото, огледалото пред себе и самослик или селфи на погледот во очите и на животот..барем еднаш!
здраво е да се биде тоа што си, другото останува за озборување и сеир..

#бидисити❤️

Соња Ајановска Деловска

Посетено 1.131 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!