Сарма

сарма

Нејзиното зимско височество – сармата. Локален специјалитет за кој рецептот се пренесува од генерација на генерација и кој е вистинска најава за сите празници и слави во кои уживаме во текот на зимата.
Состојки:
Мелено месо – 500 гр.
Кромид – 2
Лук – 2 чешниња
Ориз – 100 гр.
Морков – 1
Мелена црвена пиперка – 1,5 лажица
Бибер во зрно – 10 зрна
Бибер (мелен) – 1/2 лажица
Сол – По вкус
Ловоров лист – 3
Масло – 200 мл.
Кисела зелка – 1 главица
Инструкции:
Чекор 1:
На масло пропржете ги исечканиот кромид, лукот и морковот. Кога зеленчукот ќе се запржи додајте го месото. Зачинете со сол и бибер и додајте ориз и пола лажица црвена пиперка во прав.
Чекор 2:
Добро промешајте и по една лажица од филот ставете на лист зелка од кој претходно сте го отстраниле подебелиот дел и сте ги оставиле да се исушат. Завиткајте во сарма. Бирајте помалку главици зелка со цел листовите да бидат помали, а со тоа и сармата да изгледа поубаво.
Чекор 3:
На дното на поголем сад ставете малку зелка и почнете да ги редите сармите. Кога сите ќе ги наредите ставете одозгора црвен пипер во прав, бибер во зрно и ловоров лист. Покријте ги со листови зелка и ставете вода која ќе биде до некои два прста над сармите. По вкус можете да додадете и сушено месо. Поклопете и оставете да зоврие. Потоа намелете ја температурата и полека крчкајте 3-4 часа.
Посетено 658 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!