Епа срц жално е тоа што моите нокти се поголеми од твојот мозок
Овие што пишуваат незнам, сваќам, леп, крф, што не знаат што е приземје, а што прв кат, што мислат дека ИстаМбул е главен град на Турција, што биле у АНа Софија, што ко ќе им речеш дијагонално од овде, тие одат право, што Ками, Хесе, Бернард Шо им се оправдано непознати, бидејќи не се спомнуваат у ни една турска серија, а ги нема ни на свадбата на синот на Цеца, ни на аудиција на Ѕвезде Гранда и ТЛЗП, сите тие се у среиозни врски или бракови, пошо полесно е да најдеш глуп, отколку паметен партнер. И си се дружат само со парови, сами искачаат само коа се слави Нова Година и 8 ми март од фирма. И баш тие амебоидни форми на живот, видливо горди на својот животен успех – виткање сарма, доаѓаат до заклучок дека си лоша личност затоа што си различен и попаметен од нив. Нив ко ќе им речеш дека сакаш слободна љубов, мислат дека сакаш да го изневеруваш партнерот (ако го имаш во средина на врвна затупеност), па следат критики како не е убаво така, па ко ќе си фатиш дечко/девојка, мораш по дифолт да си емотивно зависен од него/неа, јер само така се искажува љубов и приврзаност. Сета таа вселенска глупоќа е крунисана со следнава или слична изјава: со толкави нокти домаќинка не се станува. Епа срц жално е тоа што моите нокти се поголеми од твојот мозок.