Една кратка роденденска песна (Посветена на Игор Џамбазов)
Вчера – Денес – Утре
Некој некаде со првиот плач
Удрен по грбот од докторот наш –
Испуштил глас…
По пеесет и шест од првиот рик
Игор пак прави некој трик.
Таму некаде покрај езерото
Гнездо свил, и од убавина
Повторно нешто снил;
Животот му бил шик,
Од даски глума до ТВ шоу лик,
Тој со песна на гитара прави нов стих
И така седи сам со соколов вид
Да предскаже каков во иднина ќе бил.
До девеесет и прва од господа,
И уште шест од карти,
Без апарати доста ќе ти е Џамбазов
Од приземни цаки.
Стојан Јовановски (внук на баба Аделина)
Посетено 407 пати