А што ако Сања ме откачи?

rambovka_majkatiitatkoti
„Си купи рамбовка?“- ме прашува девојка ми
„Не“
„како бе не?“
„па така…НЕ“
„а си ги исчупа веѓите?“
„не“
„а најде карти за SKFW, СФФ, КЛРГТ
Охридско лето и Трубадури, МакФест,
Златна Бубамар и Глумците пеат
Џез Фестивал – отварање и затварање
резервира сепаре во..“
„не “ – ја прекинав
„како бе не?..сакаш да ти раскинам?“
„а ти ги извади силиконите и хемиите
од цицки, уста, образи и г’з?“ – и’ мавам контра
„па не“
„а ја однесе левата хемисфера на мозокот на баачка
а десната на хемиско?“
„хмм, не“
„им кажа на твоите дека ме сакаш и дека сум ти дечко?“
„и тоа не“
„ок сега, сакаш јас да ти раскинам или ти мене?“ – ја прашувам
„а што има разлика?“
„па ако ти ми раскинеш можеш да го пишеш тоа во CV“
„а што е тоа?“
„тоа ти е нешто као Encyclopedia Britannica на латински“
„ааа..е добро тогаш, јас ќе ти раскинам“
„добро, раскини ми“
„сакаш одма?“
„Да сакам“- одлучно одговарам
„а зошто одма, не сакаш прво да идеме на пица?“
„не, не можам да пијам ако јадам претходно“
„па кај мислиш да пиеш?..пак ли ќе скиташ по цели ноќи?“
„да, имам рерзервирано коњопој во Балет, ама што ти тебе гајле?“
„имаш резервирано?.. со кого ќе идеш?“
„со Сања“
„Сања?..другарка ми?“
„Да со неа“
„е стварно си кретен“
„кретен не-кретен Сања барем не ме тупи со
рамбовки и депилации, со ВИП влезници и сепареа
убав сум и оваков, не и треба дечко-таписерија “
„ќе се каеш да знаеш“
„да веќе се каам..што утепав цел месец со тебе“
Ете така, раскинав со оваа, оваа..ете заборивив одма и како се вика
Малку ја излажав дека имам договорено за вечер
ама сега ќе и’ се јавам на Сања,
ваљда нема да ме откачи?

Посетено 2.802 пати