Најмал Заеднички Содржател
Добро е што немам НЗС!
Некои не можат ништо, некои не можат с’е.
Некои немаат ништо, некои немаат се’.
Некои не сакаат ништо, некои не сакаат се’.
Една девојка, многу убава, се шета и налета и на едните и на другите. Имаше
големо искуство со разни луѓе и на сите им наоѓаше НЗС. Се шеташе еден дечко
што немаше НЗС и девојката го виде, веднаш го забележа и си помисли:
– Мора да му најдам НЗС.
Отиде и му рече: – Здраво дечко, јас сум таа и таа, имаш НЗС?
Дечкото и рече: – Слушај цуро, ако мислиш да си најдеш тип со НЗС, иди да си бараш друг.
– Не, ти си вистинскиот за мене, ми досади од типови што имаат НЗС.
Девојката му се џитна на врат и го пољуби во уста, а со јазик му ги залижа
крајниците.
Дечкото се изненади и си рече: – Добро е што немам НЗС!