Заебано е да гледаш лош филм
Не се издржува ова …стварно е премногу
3 саат по полноќ а комшијава над мене
само удира по подот..ако продолжи
кај и да е ќе пропадне кај мене
Ја земав правосмукалката, му се качив
звонам, тропам..конечно отвора
„слушај“ – му викам- “ако продолжиш ќе те
шмукнам со Rowenta-ва од 900 W ќе те истресам
право во ВЦ шоља
„не, немој не знам да пливам… него чекај, што сум ти скривил?“
„штоо, па плафонот ќе ми се сруши од што чукаш,
една сијалица од 100 W ми падна право на глава,
еве тука во образ ми се збрцаа 40 W, 30 во левото око
а уште 30 W паднаа на тепих..дали си ти нормален?
него чекај..зошто ти е крвава главата?“- приметувам на крај
„не знам“
„како не знаеш, што правиш?“
„а бе гледам ФИНСКИ филм, некоја мелодрама БЕЗ ПРЕВОД
и не знам што ми се случува, откачувам, се губам..
еве биди малку со мене па види“
Го уклучи филмот и после 30 сек. почна да си ја мава главата од паркет
Леле филмов е ОТОК, ова не е хумано, не се издржу …не ја ни довршив
мислата а и јас почнав очајно да се мавам од ѕид .
И така, привлечени од галамата доаѓаа комшии
и сите остануваа . Некои да си ги маваат главите
неколку со послаби живци не издржуваа и се фрлаа
од балкон, други се јадеа меѓу себе
Како и да е кога зградата почна да се распаѓа,
и мртвите тела да смрдат конечно
се појавија некои од Кризен штаб ,специјалци обични и нуркачи
луѓе од Хелсиншки и ОБСЕ и некои со зелени капчиња
Потешко повредените за да не ги изнесуваат
ги убија со природна смрт на лице место
па ја срушија зградата
а нас што преживеавме
не’ раселија кој-каде по светов
Мене замислете ме пратија во ФИНСКА,
во станче без кабловска,
само старо видео и збирка фински филмови ?!!
Ги жалам комшиите…….
Посетено 721 пати