Денес има различитост у секоја нормална мисла, суровост у култура, ама Скопје го нема..

во Скопје порано имаше живот..и шмек..и боеми..и битанги ама и принцези..имаше воздух, мирис на бурек и скара..имаше бутки со сок мешан со сода, сладолед на стапче и у корнет, имаше телефонски говорници, липи, багреми, штампа и коректен однос..
градот имаше достоинство..кој го немаше, го осудуваа..
Скопје имаше згодни цури, шмеќери, вистински интелектуалци и генијалци без дипломи..и све тоа се поштуваше..
имаше утринска чорба, шприцер, бричени бради и дами со стил, култура у обичното добро утро..во темници се сакавме, во светлата се истепавме..
денес има различитост у секоја нормална мисла, суровост у култура, ама Скопје го нема..
што повеќе цркви, џамии и институции, сѐ помалку поштовање кон човекот..
Скопје, извини те испуштивме од руки, посветени сами на себе без да ти дадеме дел од себе..те сакавме али не те испоштувавме 

Посетено 858 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!