Ќе смени ли нешто ако на навредите вратиш со уште поголема навреда?
Ќе смени ли нешто ако на навредите вратиш со уште поголема навреда?
Не. Тогаш си дозволил да се симнеш на уште пониско ниво.
Ќе смени ли нешто ако на шлаканиците возвратиш со уште посилни шлаканици?
Не. Тогаш и ти стануваш зло.
Ќе смени ли нешто ако се одмаздуваш, без да веруваш во карма?
Не. Тогаш ти ќе се вовлечеш во нејзиниот круг, кругот на кармата.
Ќе смени ли нешто ако плачеш за нешто кое не можеш да го промениш?
Не. Солзите ти ја чистат душата, ама не го перат туѓиот грев.
Ќе смени ли нешто да не спиеш со денови мислејќи каде погреши?
Не. За некои нешта никогаш нема да добиеш конкретен одговор.
Ќе смени ли нешто ако некому посакаш зло?
Не. Тогаш стануваш поголемо зло и од него.
Ќе смени ли нешто ако пиеш дијазепами раскинувањето по бившиот?
Не. Луѓето доаѓаат и си одат, само вистинските остануваат. Очигледно тој не е правиот.
Ќе смени ли нешто ако го вараш пошто те варал?
Не. Не биди глупава ко него. Биди паметна за двајцата и остави го!
©majkatiitatkoti.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира