Велат… Идел 8 ми март.. Ами ако.. Нека си иде… Што фајде и од него..

Велат… Идел 8 ми март.. Ами ако.. Нека си иде… Што фајде и од него..

Се со трчање… Ден ко ден… Ќе протрчаат низ дуќанчиња.. Ќе изнакупат.. Еден тон…
Што ќе бере прашина..
А душата?

Таа пак иста ќе си стојт.. Ќе си уздивнујт..
И пак.. Катаден.. Ко ништо да не било.. Не требет еден ден… Да трчаш.. Што да купиш..

Требет жената, мајката да ја опулиш… Да подзастанеш.. То ачик и се гледат.. Да знајш… Да читнеш троа на лице.. Да ја опулиш онака поубо…

Не со трчање… Не и требит нејзе ѓердани, парфеми.. Ако не знајш да и ја помирисаш душата…

Или пак, испратија на патување… Оти ? Да се дружела… Не, не !… Пак истото… И никој пат, не ќе научиш…

А бре… Да и се скриеш зад врата… И да ја заграбаш… Онака нерасонета… Па да истуриш еден тон бакнежи… По лице, на коса, на срце… Ете то е 8 ми март…

Не и требит нејзе црвило… За лицето да и светит… Не и требит фустанче.. За да се смешкат со тебе…

И требиш… Ти.. Не да трчаш ко поулавен… Што да купиш… Оти таа купена е еднуш… Требит само да ја опулиш..

И троа да знајш… Да и седиш в душа.. Да и пееш на срце…. И појќе пати да се смејш со неа… Тоа требат…
Da Оти векот брзо си врвит…

Оливера Ширговска

07.08.2018

Посетено 7.827 пати