Попаметниот попушта, а? Попушта или напушта?!
Ако за некого ми е жал во оваа држава тоа се паметните луѓе. Под паметни луѓе секако не ги сметам сите оние со завршени високи школи, професори, доктори…
А жал ми е зашто во една ваква држава во која подеднакво не важи, нема и не функционира апсолутно ништо кое треба да има некаков ред најтешко им е на умните. Колку ли на тие луѓе им се одразува на здравјето кога некој на нивниот здрав памет мисли дека вешто ги манипулира, очигледно ги лаже и безобразно ја користи својата позиција (која и да е) за да си постигне некоја своја цел (каква и да е). Колкава ли е таа болка внатре во себе на тие умни луѓе и колку ли таа влијае негативно на сите тие кои ги имаат окулу себе…
Да не го добиеш тоа што ти следува.
Да не го имаш тоа што ти припаѓа.
Да те судат за нешто што не си направил.
Да те понижуваат зашто си послаб од нив.
Да те уценуваат зашто се помоќни од тебе.
Да ги кршат и менуваат законите зошто им се може.
Да ги гледаш како упорно молчат тие што се повикани да зборат.
Да живееш во сопствена држава, а да е туѓа своина.
Секој ден да ги гледаш и слушаш сите оние тапи, сироти ликови, душевни и ментални накази, без грам интелект, нереализирани на ниту едно поле како се најгласни и ти попуваат и продаваат муда за бубрези, а ти не смееш прописно да ги замолчиш и да им ја смачкаш грдотијата зашто само твојот збор и сила подолежи на закон.
Попаметниот попушта , а ?
Попушта или напушта ?!
Гајле ви е… и така сте глупи па не може да знаете.
Ќе ви доувезат наскоро и поглупи од вас па ќе видите како е.