Пo повод втори февруари
Втори февруари само кај нас и во блиското соседство се пародира како празник на педерите, пардон хомосексуалците. Хомофобичен и измислен датум.
Светски ден на истите е 27 јуни!
Турбуленцијата предизвикана од бомбастичното прашање за легализација на геј браковите не стивнува, згора на тоа (или отпозади што би рекол Сашо Тасевски) го дели светот на “за” и “против”, но никој не е рамнодушен (освен Бушманите, тие како да паднале на теме).
Во Хрватска стивнува вревата за уставното признавање на истополните браковите, а во далечната ни Австралија, Врховниот суд на Камбера неодамна го поништи истиот закон, венчаните геј партнери формално морале да се разведат, а неформално да си продолжат онака како милуваат, додека Европската Унија им диктира правила на земјите членки, да овозможат рамноправни услови и за хетеро и за хомосексуалците, Врховниот суд во Индија го поддржува законот од пред 148 години, според кој истополниот секс е криминално дело казниво со закон и до 10 години.
Данска во 1989 година прва воведува рамноправност меѓу хомо и хетеро сексуалците, 2001 Холандија прва ги легализира геј браковите. Се приклучуваат Белгија, Канада, Шведска, Норвешка, Бразил, Аргентина, Уругвај, Франција, Исланд, Нов Зеланд, делови од Англија и Велс, 15 држави од САД… ( ух , се шират ли шират).
Факт е дека хомосексуалството не е откровение на новото време, а ни болест, си има своја историја, постои колку и човештвото и Светската здравствена организација од мај 1990 година хомосексуалството го смета за здрава сексуална ориентација (ова здрава не значи и ,,препорачлива дневна доза” или ,,кој не пробал – не знае” и.т.н.).
Сепак, најсуптилното прашање околу кое допрва ќе се кршат копја и ќе се делат мислења и земји, е посвојувањето на деца, тема за која никој до сега не се осмелил да даде сигурен одговор какви последици би имале посвоените деца кои живеат со двајца татковци или две мајки! А би имале последици…
Како и да е, турбуленцијата и фрлањето на копја во вис, ќе траат уште долго. Важно е да се научиме на емпатија кон ,,обратните,, од нас и без мрвка презир или потсмев да се помириме со нивното присуство.
Патем, на светот има две раси, раса човек и нечовек.
Кога го прашале Оскар Вајлд на граница, веќе познатиот ирски писател, што има да пријави, лаконски одговорил: ,,ништо освен својата хомосексуслност”.