Aј батали го филмот, имам боља идеја
Извини “Privaте Ryan“, така ми дојде
„ај батали го филмот, имам боља идеја“
„што му фали?..еве сега поштарот ќе дојде“
„сериозно …имам нешто поинтересно на памет“
„што?“
„ај да го убиеме private Ryan“
„кого?..кој ти е тој?“
„си го гледала Saving private Ryan?“
„да.. на тој мислиш?“
„на тој..ќе стигнеме до него пред Том Хенкс да го спаси
и ќе го убиеме“
„супер идеја…ама како?…башка Франција уџум е“
„ќе се претвориме во птици и набрзина ќе одлетаме до таму
и ќе му се пуштиме… ќе го исколваме до смрт“
„кај ќе го колваме ќе ни требаат 5 саати.. немаме толку време
вечер сме на концерт“
„еј да, заборавив… па само очите ќе му ги исколваме
и нема да знае што прави, каде оди и ќе го убијат германците“
Кажано – сторено
Се претворивме во гулаби, одлетавме до Франција
и го најдовме Рајан како се крие позади едно ѕитче
Му ги извадивме очите и нормално
германците одма му се пуштија, го погодија со 60 куршуми
и еве сега гледаме како го газат со тенк
„хаха лом го напраивме човеков“
„да, ни флека нема да остане од него..ај да се вратиме“
„знаеш што?..не се враќам, ќе одлетам до Париз,
никогаш не сум била“
„ај не заебавај !!..а концертот?“
„батали..убаво ми е овака како птица“
„не биди глупа, птиците не живеат долго колку луѓето“
„знам, пред да умрам ќе се претворам пак во човек
па ќе се видиме..а во меѓувреме можеш да
искречиш по дома“
Се гушнавме и одлетавме секој во свој правец
Испадна дека ни беше последно гушкање,
никогаш не ја видов после тоа
Посетено 532 пати