Албанија блесна во прекрасен Новогодишен сјај, особено главниот град Тирана!

Иако Албанија ја задеси катастрофалниот земјотрес од над 6 степени според Рихтер, сепак нејзините граѓани не останаа без прекрасниот Новогодишен сјај кој ја обви целата земја, особено главниот град Тирана.

Декември важи за еден од најубавите месеци во Тирана. Шарените светла и празничните декорации ја прават Тирана да изгледа како мозаик од бои. Една прошетка низ центарот и неговите улици ќе биде доволна да ви ги наполни батериите, а истовремено ќе ви дозволи да уживате во глетката на сите нејзини декорации.

Декември е месец на изненадувања и нови соништа во Новата година. На нејзините разиграни улици ќе сретнете среќни лица и деца кои искрено се радуваат на овие денови.

Еве што би можеле да направите тука во Декември:

Божиќни светла и шопинг

Со прошетката низ градот по главната улица од плоштадот Скендербег до плоштадот Св. Тереза, официјално ќе можете да ја започнете обиколката на градските декорации и Новогодишната елка.

Божиќниот маркет на плоштадот Св. Тереза е нешто кое мора да го видите. Таму има прекрасни мали и дрвени куќички кои нудат прекрасна храна и пијалаци. Вкусот на варено вино или топло чоколадо, кафе или капучино во близина на камин е толку добредојден во овие ладни зимски денови.

Децата имаат можност да поминат одлично време забавувајќи се со најразлични игри, како на пример лизгањето на мраз, кое може да го пронајдете на самиот плоштад Мајка Тереза каде што ќе сретнете луѓе и деца кои ја обожаваат оваа активност.

Светлата продолжуваат по главната улица па се’ до плоштадот Скендербег каде што е позиционирана Новогодишната елка. Оваа жива атмосфера ќе ја направи Тирана совршена дестинација за Божиќ и Нова година.

Како и во секој град, така и во овој центар, ќе најдете одлични продавници за шопинг каде што ќе можете да купите успомени во вид на сувенири.

Дење можете да го посетите музејот, разните галерии, пирамидата, како и многу други споменици кои се наоѓаат на главната улица, а навечер, можете да уживате во магијата на празничните декорации.

Кафулиња

Во Тирана може да уживате во најдоброто кафе, без разлика дали станува збор за макијато или капучино. На секое ќоше, можете да најдете фино местенце да се напиете топла пијачка. Може да изберете кафулиња со поразличен дизајн на ентериерот и уникатни теми.

 

Речиси во секој бар можете да најдете совршен чај. Ако сте вљубеник во книгите, кафето и библиотеките се вистински хит во Тирана овој период и насекаде е раширен овој тренд, па можете да уживате читајќи ја својата омилена книга додека полека си пиете кафе.

Уживање во снегот

Како и кај нас, така и во Албанија, Тирана изобилува со мноштво од сончеви денови во текот на целата година, па можете да уживате во убавото време дури и во отворените кафулиња.

Сепак, зимата е зима, надвор е прилично ладно, па уживањето во снегот на планините е секогаш добра опција. Можете да отидете до планината Дајти со жичара, што важи за едно прекрасно искуство. А, оттаму ќе можете пешки да ја истражувате планината и да уживате во неверојатниот поглед кој го нуди.

Но, и да имате традиционален ручек во ресторанот кој се наоѓа на врвот, да играте со снежни топки и да јавате коњ.

Одличен ручек

Можете да отидете до Петрелската тврдина и таму да уживате во традиционален ручек од каде што ќе можете да добиете одличен поглед кон Тирана. Покрај Тирана, Драч и Кроја нудат одлични знаменитости.

Во Драч можете да шетате по плажата, да го посетите рамошниот Римски амфитеатар, кој важи за втор најголем на Балканот, а исто така таму можете да пробате и фина морска храна.

Во Кроја, пак, можете да го посетите Кројска тврдина, односно замокот на Скендербег кој важи и за Национален музеј.

Доколку се одлучите да останете во Тирана за ручек, има бројни ресторани кои нудат разни јадења од италијанска и албанска кујна за разумна цена.

Ноќен живот

Тирана изобилува со неверојатни ноќни барови, од каде потоа можете да уживате во уличната храна, особено во бурекот. Ноќниот живот, музичките концерти во живо, театрите, филмовите и се’ што ве интересира можете да најдете на официјалниот сајт на Тирана.

Дали ќе уживате во Тирана, Драч, Саранда или на некое друго местенце низ Албанија, веруваме дека нема да погрешите.

Среќен Божиќ на сите припадници на католичката вероисповед!

слики: sofiaadventures.com

Посетено 851 пати