Тестикузи – џакузи за тестиси (Видео)

На пазарот стига уште еден урнебесен и бизарен концепт…

Компанија „Testicuzzi“ одлучила на мажите да им подари минијатурен џакузи кои е наменет само за нивните „скапоцености“. Овој минијатурен џакузи е специјално направен да ги опушти вашите тестиси и да создаде чувство на леснотија и пријатност, особено доколку долго време поминувате во тесни фармерки и пантолони.

Иако многумина мислат дека овој производ е добро осмислена шега, сепак тестикузито навистина се продава и можете да го нарачате на официјалниот сајт – Testicuzzi.

Моментално на продажба се продаваат три модели. Белата и црната чинат 40 долари, а оние кои се побогати имаат шанса да нарачаат тестикузи кое е направено од 24-каратно злато. Златното Тестикузи ќе ве чини неверојатни 10.000 долари, што би важел за навистина луксузен подарок за сите оние кои имаат голема банкарска сметка.

А, еве го и рекламното видео:

Посетено 2.218 пати