Јовче Пандев – Вина Девица (Видео)
По две балади,нормално е да (ис)понира еден гитарски во блуз,кантри фазон. Да се ослободи и да се задоволи нагонот нели. „Вина девица” е баш таа која ни го задоволи апетитот за тоталниот рок, без да се поистоветуваме со тоталниот фудбал, кај нас секој си го знае местото.
Во поставата пак истите: Иван Петровски (аранжман), Горан Гешовски (микс и мастеринг), Јовче Пандев(музика и текст). Со таа разлика што овој пат го имавме „Џокерот на Алекс Фергусон”, во улогата на Солшер, Живко Барбутов, кој го создаде рифот и гитарското свирење преку цела песна.
И да не должиме многу, видеото режирано од Столе Ангелов е на YouTube, „виновната девица” е насекаде околу нас, само треба да се преживее после неа. А тоа е рутинска операција, создавајќи нова музика.
„Одиме понатаму, следува уште еден сингл до крајот на годината, и уште неколку до целиот албум. Блузот ни од далеку не е мртов, сагата само го репродуцира. Да живее истиот и секако Македонија!“, вели кантавторот Јовче Пандев.
Во продолжение, слушнете ја неговата нова нумера: