Капа доле, голем човеку во детско тело!

Уште на овогодинешната „Златна Бубамара на популарноста“ светот дозна за еден херој по име Марко Пејчиновски.

Сите бевме воодушевени од храброста на еден толку млад човек, се’ уште дете…

А, вчера, неговата храбост ја почувствува светилната на денот среде ноќ! Кога Марко упорен да ја подигне свеста за ретките болести, се реши да исплива 64 километри!

Успеа да исплива 12 бидејќи болките во нозете биле посилни од желбата… но ти голем човеку со детска душа и тело, докажа дека не мора да ја постигнеш целта за да успееш целосно во својата намера!

Денес Македонија не ги брои твоите испливани километри, ја слави твојата храброст, твојата решителност, твојата длабочина!

Сите треба да учиме од тебе, сите треба да бидеме барем 1/4 од тебе… ноќеска ти ги победи сите големи учители…

Пресреќна сум што имаме ваква младина како тебе, иако ретка, сепак постои и ја има!

Капа доле, дечко!

Светот треба да се гордее што има легендарни деца како тебе!

Посетено 3.043 пати