Васко Тодоров: Пред неколку дена во СЛОБОДЕН ПЕЧАТ видов моја фотографија со некаков текст, и многу непријатно се изненадив!
BREAKING NEWS!!
Пред неколку дена во СЛОБОДЕН ПЕЧАТ видов моја фотографија со некаков текст, и многу непријатно се изненадив!
Тој што го напишал тоа, очигледно има желба за сатира, ама појма нема! Така да може слободно да ми се обрати за да му објаснам што е тоа сатира, и како се прави сатира, затоа што тоа ми е специјалност!
Сите знаеме дека по социјалните мрежи има многу кретени што ставаат фотографии на луѓе, и под нив пишуваат секакви глупости во име на тие луѓе!
Меѓутоа, јас СЛОБОДЕН ПЕЧАТ го сметам за сериозен весник, и мислам дека нема право да си дозволува вакви киксови!
Затоа од СЛОБОДЕН ПЕЧАТ очекувам јавно извинување!
Доколку тоа не се случи, ќе се појави сериозно сомневање во македонската јавност за веродостојноста на се што се објавува таму!
Во прилог на текстот, објавувам фотографија од страницата на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, каде што сум објавен без да знам, и со текст што не го знам!
п.с.
Поздрав до сите мои пријатели на ФБ!
Сите што ќе го прочитате текстот, имате авторски права да го споделите насекаде!
Васко Тодоров
лично