Сте јаделе ли избалансирани макробиотски шамари?

Гледаме со стариот некоја дама-во-обид како проповеда здрава исхрана, избалансирани вечери и слични куровмиленчиња. Макробиотската литургија од прилика одеше вака:

zdrava
”Значи 6 јачменови снегулки, па малку трошки од овес, 12 зрна ленено семе, сушена брусница и една шака листови од детелина, 5 листови од глуварче и корен од дива коприва да се промешаат во сад од нер’ѓосувачки челик, со 19 капки од нискомаслен јогурт од бадеми, и да отстои 43 минути на утринско сонце. Се џвака по 87 пати.”

Татко ми:
”Па на дедо ти прасињата не би го јаделе ова. А иначе, за твоја информација, имаат изедено пола ѕид со пуни тули и гумени чизми. Па ти сеа види…”

Посетено 847 пати