Телефонскиот именик на татко ти

Своеврсна колекција од голем број на нумерички кодови.

staroaro[fblike]

Како и сите други татковци, така и твојот покрај редовната работа сигурно има четрстотини хобија и разоноди, па затоа во својот мобилен именик ги чува контактите од потенцијалните соработници. Драгоцени контакти.
Најчести се:
  • Дуле такси – таксист по кој шо праќал торбици со готвени јадења додека си бил на студии.
  • Крис– другар од основно; или е мртов или е у Австралија
  • Стојан за парно – му должи 150 евра, ама кој го врти
  • Пелети Берово – го прочитал бројот негде на оглас, ама и оваа година порачува мокра бука за огрев
  • Душко Прасе – од некој шо редовно пазарува мрсна полутка
  • Санде за грозје – полубог
  • Класна син – број од класната од средно, да оправдува часови
  • Бранко наш – само ваш е, нема проблем
  • Ламелата – така го викат автомеханичарот шо редовно го бања вишка пари за делови
  • Оток – мајка ти

595х90 px-01

Посетено 660 пати