Секс без обврски може да доведе до депресија (Видео)
Според најновите студии помладите луѓе кои се впуштаат во секс без обврски се со поголема веројатност да ги почувствуваат симптомите на депресија и анксиозност. Оваа појава понегативно се одразува на жените, бидејќи сеуште социјално понеприфатливо е тие почесто да ги менуваат сексуалните партнери
[dropcap]П[/dropcap]омладите луѓе кои се впуштаат во секс без обврски почесто може да ги почувствуваат симптомите на депресија, покажува една нова студија. Всушност, експертите го утврдиле постоењето на анксиозност и депресија кај учениците кои се имале сексуален однос со лице што го знаат помалку од една недела.
Во оваа досега најголема студија од овој вид, во која биле вклучени 3900 хетеросексуални студенти, 11 отсто, од кои повеќето мажи, се изјасниле дека во текот на последниот месец имале секс без обврски. Авторот на студијата, Д-р Мелина Берзамин – Melina Bersamin, од Државниот Универзитетот на Калифорнија, Сакраменто – California State University, Sacramento, изјавува дека и мажите и жените во оваа група потврдиле дека почувствувале симптоми на анксиозност и депресија како последица од нивните сексуални односи.
“Премногу е рано да се заклучи дека сексот без обврска не претставува закана за младите луѓе во психолошка смисла. Резултатите од истражувањето укажуваат на тоа дека, помеѓу хетеросексуални студенти, сексуалните односи без обврски негативно се поврзани со нивната добросостојба, а позитивно со нивната психолошки состојба”, вели д-р Берзамин.
PharmaNEWS.mk ви го препорачува во слободно време да го гледате филмот „Пријатели со привилегии“ – Friends with Benefits со Џастин Тимберлејк и Мила Кунис.
[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=iJS-wWqVAyk[/youtube]