Моќта на благодарноста
Започнете го секој нов ден со благодарам.
Секое утро нека ви биде посветено на благодарноста.
Додека ги вршите секојдневните утрински ритуали, подготовки за новиот ден, насочете ги мислите кон благодарноста. Заблагодарете се на вашето добро здравје, на вашето позитивно расположение, на се она што го имате околу себе, на сите оние личности кои ги сакате и кои ве сакаат безусловно.
Кажете благодарам на сите минати убави моменти од вашиот живот кои допринеле да се чувствувате убаво и среќно.
Кажете благодарам на себеси, благодарам за се што сте направиле за себе, не заборавајте дека сте направиле како најдобро сте знаеле и умееле. Се што сте направиле за вас самите, сите одлуки, постапки и дела сте ги правеле бидејќи така сте сметале дека е најдобро за вас.
Бидете сигурни дека сте направиле најдобро за себе, па поради тоа кажете благодарам на себе, кажете благодарам со најголема љубов и најискрена и чиста емоција кон себе.
Живеејќи го животот, преокупирани со секојдневните активности, моменти, проблеми, настани добри или лоши, убави или неубави, среќни или несреќни, забораваме да застанеме за момент и да кажеме благодарам.
Благодарам за се што имам, благодарам што сум здрав, благодарам што давам и примам огромна љубов секојдневно од личностите кои ми се значајни во мојот живот.
Со секое ваше благодарам, со секоја ваше искрено заблагодарување привлекувате да ви се случуваат само убави случки во вашиот живот.
Благодарноста има огромна духовна моќ, моќ која преку законот на привлекување делува многу позитивно.
Ветете си на себеси дека секој ден ќе го започнете со благодарам во вашите мисли кон се она што го поседувате духовно и материјално и ќе сведочите на големи позитивни промени во вашите животи.
Најважно од се, ќе се чувствувате многу поисполнето, среќно и со самото тоа ќе привлечете нови и убави случувања како и убави емоции во вашите животи.
Посетено 544 пати