беше одвратно … испив солна киселина
Солна Киселина
„Колку пати си пробал да извршиш самоубиство?“
„3 пати неуспешно и 2 пати успешно“
„И кое ти било најубаво?“
„Пааа, не знам тоа ама знам кое беше најгадно“
„Кое?“
„Последното успешно самоубиство
беше одвратно … испив солна киселина“
„Чиста?.. па нели само сечени пијачки пиеш?“
„Да, ја сечев со кока-кола и погадна пијачка
во живот не сум пиел ..едвај се самоубив“
„Ќе ме научиш и мене?“
„Што ?“
„Па како да се самоубијам.. сакам Господ да го видам“
„Ти нормална си? …. Си дошла тука
да се ебеме или тајни да ти издавам?
Башка Господ не постои, 2 пати бев таму не го видов“
„Ај те молам, те молам .. постои, ти кој знае кај си гледал“
„Ај не ме тупи..ќе прогуглаш“
„Немам интеренет, ми го исклучија“
„Офф со каква клошарка сум се фатил!!!
Батали муабет, ај соблечи се јас да тркнам
до доле кондоми да купам„
Се враќам, неа ја нема,
а компјутерот уклучен на
You Tube, „how to commit suicide“ ?!
Не е ваљда тука некаде по собиве
да се убила, ќе ја скршам !
Гледам отворен прозор, се наведнувам…
ене ја доле, сплескана на плочник
„Што убава коса има, не сум приметил порано“
-си помислив со доза на тага
„Ама добро е, можеше дома лом да ми направи
да и текнало вени да сече, овака барем фер искочи“
Се симињам доле со ножици да отсечам прамен
од убавата коса за спомен и додека чекам
да се разотиде насобраната сеирџиска толпа
и’ вртам на Тања
“ало Тања, што правиш?… не ма, немам женска,
..таа?… не, ме откачи , нешто продуховена стана,
само на господ мисли… значи во 11 кај
контејнерите пред Соборна..договорено“