Брчки
[fblike]
Дечкото со споени веѓи јаде чоколадо со цели лешници
ама чудно го јаде, ќе стави еден ред во уста
по некое време во дланка ќе ги исплука цели
лешници без грам чоколадо на нив
Кога заврши со целото чоколадо
излижаните лешниците
ги стави во палома и гу бутна во џеб.
-баш ме интересесира зошто не ги јадеш лешниците,
ги чуваш за нешто? – го прашувам
-да, лешнициве ги искористам за мезе,
само сол ќе им ставам и топ се за со пиво
-баш добра идеја, ептен практична
-а ти зошто седиш бос во автобусов, зошто не ги облечеш кондурите?
-затоа што си ги штедам ѓоновите, зошто да ги газам
беспотребно додека седам во автобус?
-хаха да, убаво ти текнало.. него се симињам,
ова е мојата станица..поздрав
-ач чао
Се симнувам наредната станица,
без проблеми го наоѓам новотворениот бутик
за убавина и анти-убавина
и одма ја прашувам продавачката:
-Девојко брчкиве на метар се продаваат или на кило?
-на метро
-а супер, него овие многу тенки се!!!
-тие се за околку очи, вас какви ви требаат?
-не се за мене, сакам некоi најдлабки и најголеми брчки
да и залепам на девојка ми додека спие
-Зошто?
-Затоа што цело време се мачка со креми
против брчки и става некои маски на лице
па по 18 саати не смее да збори
а после одма иде на спиење,
мртва уморна била од толку мачкање
Искрено мислам дека со огледалото
е во врска а не со мене, можда и има секс со него
ама не сум баш сигурен, ај да не ја оговарам
-Па тоа го прави за да ви биде убава
-Ама мене ми е убава кога ми збори, ми се смее,
ми прави гримаси, сакам со човек да идам
а не со мумуија
Ај тоа, него и не можам да заспијам покрај неа,
од толку креми лицето и свети како нуклеарен реактор
и морам да спијам на чергичето пред врата
Ај кажи ми искрено што ќе ми таква женска ?
-хмм, а да ви предложам нешто?
-може, слободно
-да земете шајка па додека спие
изрезбајте и’ го лицето…. еве
на пр. можете да го изрезбате
логото на нашава продавница,
ќе ви платиме 50 евра
зошто ќе ни биде подвижна реклама
-еј супер.. а пари за шајка?
-офф ама сте ситничар..еве ви една гратис,
немаме помала, само оваа за бандери
ама ќе ви заврши работа
Идам право дома и ја начекувам како чита нешто,
едвај ја препознавам
-еј што си ваква? – ја прашувам
-каква „ваква“??
-па личиш на човек, на многу згоден човек
без тие маскине на лице, што ти текна ?
-затоа што сакам да имаме…ооо па и ти сакаш а?
-што сакам?
-па да имаме секс, гледам ти се дигнал
-не ма, тоа имам едно шајкиште во џебот
Ама касно кажав, испакнатината на џебот
веќе и беше ставенаа меѓу усните
и кога шмукна шајката едноставно
летна и и’ се збрца во мал мозок.
Последно на што се сеќавам беа тажните и збунети
крвави очиња пред да се затворат за последен пат
Уффф, како да и кажам мајка и’, знам
нема да сфати, 40 год. има а уште е невина,
ептен сум во незгодно
Ај ќе смислам нешто до утре а сега
да идам некаде да се излуфтирам
Му звонам на Пеце:
-слушај, ај да искочам вечер со тебе?
-еј зошто, да не се скаравте со Наташа?
-не знам…изгледа ми раскина, или јас и’ раскинав,
што е битно, мртва е за мене.
-еј конечно, душата ти ја извади, него вечер сум
договорен да гледам фудбал кај еден коллега,
сакаш да дојдеш?
-а бе не сум по фудбал. толку ме знаеш
-што е битно, ќе има за грицкање и пиво, доволно е,
ај те собирам за пола саат
-важи
Доаѓаме пред една врата, звониме
-отворенооо – се слуша од внатре
влегуваме, стигаме во дневна
и таму на фотеља седи колегата
а пред него куп лешници кои
обилно ги посолува
Конечно завршува, подига поглед,
О не, дечкото со споените веѓи.
Посетено 1.068 пати