Ми дадоа се и не успеав

Можеби звучи трагично, но всушност е комично, подобро речено трагикомично, измешана трагедија на која се смее само публиката, тој што глуми секогаш мора да ги контролира емоциите, да ги миксира, де тага, де среќа, де солзи, де насмевка, де човек, де…повторно човек.

mi-dadoa-se-i-ne-uspeav-1

Ми дадоа се и не успеав, не успеав да го убијам човечкото во мене, не успеав да се сортирам себеси во сите луѓе меѓу кои нема човек.

Ми дадоа се и не успеав, да станам лоша, бидејќи верувам во карма, таа ќе се погрижи за секоја штета која ми била нанесена.

Ми дадоа се и не успеав, да бидам како нив, ниту посакував, не успеав да ја изедначам мојата вредност со нивната невредност исто како што никогаш не успеав да ги научам сите околу мене на добрина, култура, отворено размислување без предрасуди, како да гледаат надвор од кутијата, подалеку од својот нос…

Ми дадоа се, ми покажаа колку не вредат и сепак не успеав да ја исполнам својата мисија и да им дадам вредност држејќи ги за рака, покажувајќи им го патот како на слепци, бев како нивно куче кое им помагаше да ја преминат улицата на пешачки, бидејќи ниту за тоа не ги биваше, па кога ќе размислам подобро, убаво ќе беше да ги оставев да поминат на црвено…

Лоши мисли, стоп!

Секогаш ги прекинувам лошите мисли кога ќе започнат да зборуваат, бидејќи она што го мислиш тоа постануваш, а јас не сакам да бидам лоша, не сакам да бидам нивна копија, бидејќи сум оригинал, без дупликат, не сум плагијат.

Ми дадоа се и не успеав, не успеав да го убијам човечкото во мене претворајќи се во обичен (не)човек чиј живот ќе помине незабележително.

Јас имам мисија, имам цел, сакам да помогнам, сакам да го споделам моето знаење бидејќи верувајте дека има што да ви кажам, но тоа можам да го сторам само доколку ми дадете нешто друго од овие претходните, а тоа е добрина, пријателство, убав збор и разбирање.

Дајте ми да успеам, бидете мојата публика која силно ќе ракоплеска поддржувајќи ме на крајот од претставата, а јас потоа ќе ви ракоплескам вас и ќе ви признаам дека, ми дадовте се и успеав!

Успеав да се вклопам во едно стадо на црни овци како мене, чија белина се гледа во призмата на душата!

Посетено 9.405 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!