6 знаци дека тој е шутрак
Постојат момци кои се вистинска прилика, но постојат и момци кои се вистински шутраци. Дали сте фатиле работа со првиот или вториот тип ќе ви откријат овие
6 знаци кои се неизбежни во врската со еден шутрак.
1. Ве контролира
Постојано ви кажува како да се облекувате, со кого да се дружите, кога да излегувате, што да правите, како да се однесувате долично според него…дефинитивно е шутрак.
2. Наместо да ви дели комплименти, постојано ве криткува
Секако дека не мора постојано да ви дели комплименти, но доколку постојано само знае да критикува, секако дека е шутрак кој своите комплекси ги лечи на вас.
3. Кажува едно, мисли друго, прави нешто сосем трето
Ви кажува дека ќе се јави, мисли дека ќе ве изнервира ако не се јави и не се јавува намерно, а на крај ве прави да се извините зошто не сте се јавиле први?
Тоа значи дека дечкото не знае што сака, што сака да направи и што навистина прави.
4. Не искажува емоции
Постојат срамежливи момци, но овој вашиот е феномен.
Не ви кажува, ниту покажува дека му значите, го нервирате, го правите среќен, убаво му е со вас…едноставно е, не можеш да глумиш емоции таму каде што ги нема, а шутрак е тој што се впуштил во врска со вас кога не ве сака.
5. Се обидува да ве манипулира
Не само што секогаш сте виновни за неговите грешки кои не ги признава и се извинувате за истите, тој ве манипулира со нив за во иднина да знаете како да му попуштате постојано.
Тоа се вика манипулација која шутракот иако е шутрак се обидува да ја примени врз вас.
6. Едноставно е шутрак
Понекогаш се гледа од километри дека е шутрак, а кога ќе го запознаете подобро и ќе ги воочите останатите 5 знаци кои го потврдуваат тоа, не двоумете се повеќе и откачете го.
Тој едноставно е шутрак и ќе остане шутрак засекогаш.