Зарем си глупава?

Воздишка која започнува со виска интонација, завршува со безгласна, начинот на кој што функционира моето срце кога ќе слушне песна која ме потсеќа на оган, пламени искри фрлени од него горејќи ја мојата кожа, неосетно, сепак оставајќи лузни…


Се прашувам, што ако беше тој?

Срцето се прашува со мене, а паметот веднаш дава реплика, зарем си глупава?

Го прашува срцето колку пати треба да го скршат за да сфати дека не е тој…

Уште милион, одговори тоа тивко и засрамено, но никогаш нема да поверувам, бидејќи во животот на секој човек постои човек кој знае да го скрши неговото срце на милион парчиња, но само тој единствено може да го состави повторно.

Дебата!

Паметот постави прашање од кое овој пат срцето само се скрши на милион парчиња и веднаш само се состави без ничија помош – Зарем кршењето на срце е знак на љубов?

Јас мислам дека не е…

Ако грешам, поправи ме, слободно”…

Срцето си ги собра парчињата и замина, никогаш повеќе никој не успеа да го скрши, како можеш да скршиш нешто што не постои повеќе?

Посетено 2.821 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!