11 проблеми кои ги мачат жените со големи гради кога станува збор за фамозното второ копче на кошулата

Jerry Seinfeld малку истражувал за тоа фамозно второ копче на кошулата и рекол: “Второто копче на кошулата буквално ја прави или ја расипува кошулата. Па само погледнете го, премногу е високо поставено и изгледате како мајка ви да ве дотерала така!”

Второто копче од кошулата многу зборува за личноста, особено кога станува збор за жените. За жените, тоа не е само одраз на личноста, туку и начин да го истакнат своето деколте.

Можеби ќе си помислите- Зошто е толку особено важно тоа копче? Зошто тоа второ копче е поважно од првото или третото? Зошто конкретно се фаќаме за тоа копче? Навистина сте сурови и нефер.

Се надевам дека жените со големи гради ќе се согласат, не постои ништо пофрустрирачки од секојдневните забелешки кога ќе ве прашаат дали се вистински или силикони.

1. Секогаш кога ќе се растегне тканенината се создава простор за прекрасен поглед на вашиот градник

Седењето до некој друг е исто како да се борите со таа личност. Обидот да го прикриете вашето деколте е борба во која не можете секогаш да победите, единствено ви останува да направите компромис меѓу вас и вашата кошула.

2. Морате да го откопчате копчето бидејќи изгледа невкусно, а тогаш вашето деколте…

Повеќето безобразни жени се среќни што можат да задржат нечиј поглед, според нив понепријатно е имате мал видик на градите помеѓу копчињата, отколку да го покажете целото деколте.

Сосема нормално е ако во петок навечер некој гледа во вашите гради, но можете да забележите како некој зјапа во вашите гради дури и во тмурните понеделнички утра. А зошто е тоа така?

3. Принудени сте да купувате поголема облека која ќе ги заузди вашите женски атрибути, а потоа да пливате во неа по цел ден

Кога ќе почнете да барате продавници во кои можете да се снабдите со XXL облека, вие само се обидувате да го избегнете овој сериозен проблем. Ви се чини дека потрагата е успешна- вашите гради уживаат и се безбедни од очите на другите.

Сепак, се појавува проблем, вие или пливате во кошулата или постојано се местите и преместувате, исто како да сте ја облекле првата маица од вашето момче која ви паднала в очи изутринава.

4. Поголемиот дел од времето го минувате во местење на кошулата за да не ги покажете градите на послужавник

Постојано ескивирате до тоалет за да ги прикриете градите. Ги држите вашите рамена така да не ви се откопча копчето. Ја влечете кошулата нагоре, па надолу, се обидувате да ја прекриете со џемпер или марама- но ништо не помага.

Голем дел од времето во денот размислувате дека ќе беше подобро да носите нешто друго, а соработниците ви велат – “Извинете, вие имате убави големи гради.” Но сепак никој не ја разбира вашата мака.

5. Во секој момент може да ви се откопча кошулата, а вие да не го забележите тоа… и така дури и со часови

Нема ништо понепријатно од мигот кога ќе погледнете надолу и ќе забележите дека вашата кошула е откопчана, а вие немате поим кога се случило тоа. Дали тоа се случило пред пет минути или пред пет часа? Дали тоа било кога зборувавте со вашата најдобра другарка или со вашиот шеф?

6. Добивате брчки на градите бидејќи кошулата се бори да ги задржи вашите ‘лепотици’

Вие знаете да користите пегла, но овде не помага тоа. Непријатните брчки на вашите гради од затегнатата кошула воопшто не ви го олеснуваат изборот кога треба да одлучите што ќе носите.

7. Автоматски изгледате како невкусна верзија на префинетост

Не е важно дали се обидувате да бидете претставителни, вашето длабоко деколте прави да изгледате како ороспија.

Не е ваш проблем што никој не размислил за вашиот проблем при креирањето на облеката, не создале простор за вашите облини. Деловната облека едноставно прави да изгледате како стриптизета.

8. Принудени сте да носите маица под кошулата дури и кога надвор е 40 степени

Како да неподносливите температури во канцеларијата не се доволен проблем, па вие морате да мислите и на вашите гради.

Прицврстувањето на вашите гради не е идеално за било кое време, оставете ги вашите ‘лепотици’ да дишат.

9. Не смеете да се возбудите за било што, бидејќи строго е забрането да правите нагли движења со рацете

Не смеете да си го дозволите овој луксуз, бидејќи тоа би ве чинело една огромна непријатност, вашата кошула би можела да се подели на два дела.

Ниту едни вести во 9 наутро не се поважни и повозбудливи од безбедноста на вашите гради.

10. Вашето копче се отшило безброј пати

Во вашето работно биро имате стотици копчиња во различни бои кои не успеавте да ги сошиете. Џебовите ви се преполни со делови кои ветивте дека ќе ги закачите повторно. Едноставо, вашето копче летнало веднаш после вашето протегање.

11.Без оглед на се, на крајот од денот вие изгледате како The Hulk

Можеби не сте зелени, но на крајот од работниот ден вие сте напнати и едвај чекате да се соблечете за конечно да можете слободно да дишете.

Има и полоши споредби, вие сте прекрасна и силна жена, но сепак од време на време се издвојувате од другите.

Посетено 12.576 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!