Анџелина Џоли и Бред Пит на “BAFTA”
Сите очи беа вперени кон Анџелина Џоли и Бред Пит кога се појавија во исти смокинг-свечени одела на црвениот тепих na Кралската опера во Лондон на доделувањето на наградите “BAFTA” 2014.
Анџелина се одлучи да носи ваков “outfit” во стилот на Ив Сен Лоран креирано од познатата “Hedi Slimane” за неделната гала на доделувањето на наградите на “BAFTA“.
Качена на високи потпетици, на убавата Анџелина совршено и стоеше специјално креираното одело, белата машка кошула и тенок кожен каиш и одврзана лептир машна нагласувајќи го нејзиното витко тело.
Косата на 38-годишната Џоли беше со едноставни локни, накит од “Tiffany” , дискретно кафеава шминка на очите, со кармин во боја на свежа праска. “Valentino“костум на неделната вечер.Славниот пар Бред и Анџелина допатува во Лондон во саботата, еден ден после денот на вљубените.
Џоли и Пит беа видени заедно на почетокот на месецов на аеродромот во Сиднеј, заедно со нивните 6 деца чекајќи лет за САД откако поминаа едно време во Австралија.
Џоли и нејзините деца поминаа во Австралија неколку месеци, додека таа го режираше својот нов филм “Unbroken“, додека Пит беше во Англија на снимањето на “Fury“, драма работена според мотиви од втората светска војна .