Сите тие шаблонски SMS пораки
Сите тие залудно истрошени пари од пратени пораки со кои се честита некој празник, од страна на праќачот, кој искрено баш го заболе за примачот. Пораки без никаква доза на автентичност и посветеност, шаблонски, испратени поради исполнување на социјалните норми. Најчесто стигнуваат од луѓе со кои веќе немаме никаков контакт, но случајно сме се нашле во нивниот именик. Мислам дека ќе покажат поголемо внимание доколку не ги испраќаат ваквите спамерски пораки. Еден минутен молк за сите жртви замарани од ваквите SMS-и.
Посетено 874 пати