Годините се само број
[fblike]
..здраво мили мои
ви пишува она девојчето со долгата коса, со напрчено носе и устиче кое само се смееше..секогаш..од секогаш од сите сакана, галена, мазена, разбрана..таа мала искра полна со живот, музика и дух..е, тоа девојче сега полни 47 години и уште има нос, за убави мириси, уста за делење бакнежи, желба за убави нешта, и што е за пофалба по некоја брчка, замаскирано бело влакно, раце со прстени на исчувани и пораснати две големи деца, километража во оптимистична трка со животот, бескрајно убави неповторливи моменти, бурно море низ вените, блесава музика која ми свири во душа, уши и насекаде и илјада пријатели засекогаш, ..
..и не ги давам 47-те океани никому,тие се само мои,од мене освоени..
а вие да сте ми живи и здрави и засекогаш свои..и мои..и btw, благодарам на вниманието 🙂 wtf..
Посетено 1.654 пати