ПОПЛАВАТА И СОЛЗИТЕ
Значи за денешната поплава јас сум крив,
се извинувам ама тоа е.
Се почна вечерва,
си отидов на кеј и седнав на клупа,
ги пуштив патиките сами да џогираат
а јас си останав да плачам
-Што правиш бе ти? – ми списка едно облаче
-ништо, си плачам
-Па не заебавај поплава ќе направиш
-па што ако..баш ми е гајле, живеам на 4-ти
-не е тоа поента, поента дека јас постојам
за да правам поплави, не ти
-а бе кој те ебе!!!
-добро, извини што ти се мешам,
зошто сакаш да направиш поплава со солзи?
-не е твоја работа
-да, во право си, него во агенда ми е денес
да се шинам од врнење, поплава да направам
па ако сакаш можеш друштво да ми правиш
-какво друштво?
-па качи се на мене, јас ќе врнам од лево,
ти плачи од десно
-еј супер ти е идејата
И така се качив на облачето и плачев од десно,
па сите на кого ви паднале солени капки
да си знаете дека не е тоа дожд,
тоа се моите солзи