ПРВАТА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА
Холандија е првата држава која изгради соларен пат за јавна употреба
Првата соларна велосипедска патека наскоро ќе биде пуштена во употреба во Холандија. Велосипедската патека која го поврзува предградијата на Амстердам, Krommenie и Wormerveer е долга 70 метри и е на соларна енергија, а за јавноста ќе биде отворена на 12ти ноември 2014 година.
Новиот пат на соларна енергија, кој чини 3 милиони евра, е првиот чекор од проектот на локалната влада. Се очекува до 2016 година патот да биде продолжен за 100 метри.
Проектот вклучува и нови семафори, електрични автомобили на соларни панели.
Учениците и сите корисници на велосипеди сметаат дека оваа велосипедска патека е многу корисна и ќе биде дел од нивната секојдневност. Се претпоставува дека просечно околу 2000 велосипедисти ќе ја користат оваа велосипедска патека дневно.
Овој пат, којшто е именуван по Netherlands Organization for Applied Scientific Research (TNO) како SolaRoad, ќе биде отворен денес. Составен е од редови од соларни ќелии со кристален силициум кои се вградени во патеката и се покриени со проѕирен слој од калено стакло.
“Површината на патеката е од специјален нелеплив слој и самата по себе е направена со мал нагиб со обид за да ја акумулира прашината и нечистотијата, прикривајќи ги соларните келии.”
Поради тоа што патеката не може да се прилагоди на позицијата на сонцето, панелите ќе генерираат околу 30% помалку од оние на покривите. Како и да е, патеката е благо навалена и помага водата да не се задржува подолго време на неа и да добие подобар агол за сонцето и се очекува да се генерира повеќе енергија откако патеката ќе биде продолжена до 2016 година.
Всушност, SolaRoad не е првиот проект којшто е наменет за да ги претвори патиштата во начини за искористување на енергијата.
Следното видео беше поставено на интернет пред помалку од година, и доби повеќе од 2,2 милиони $ за да се започне со изградба.
[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=qlTA3rnpgzU[/youtube]
Guardian објави:
“Доколку сите патишта во Соединетите Американски Држави се соларни патишта”, тврди интернет страната на Solar Roadways дека,” земјата ќе генерира три пати повеќе енергија од тоа што во моментов троши, а емисијата на гасови ќе се намали за 75%.”
Разликата меѓу двата проекти е тоа што Solar Roadways работат за да интегрираат програмирачки електролиумнисцентни диоди кои ќе овозможат прилагодливи сообраќајни знаци, составни делови кои ќе го растопуваат снегот и ќе го сушат дождот и посебен вид на коридори каде ќе бидат сместени телевизиските кабли итн.
Следново видео (на холандски) дава преглед на проектот:
[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=lO6FxRCDoaE[/youtube]