Ноќен бар
Во ноќниот бар ноќта испарува
како свежо гомно од животно.
Светот се сведува на барменот
и на неговото толкување на мечтите.
На нападно нашминканите дами ова
им е попатна станица до првиот кревет.
Глумецот снимаше: олку бедници
достојни за имитирање нема ни во затвор.
Едно маче влезе во кадарот и го излижа.
Еден маѓионичар претураше по џебовите
на стварноста.
Низ ходникот се стигаше во друга климатска зона.
Без алкохол местотво би било како црква
без свеќи.
Се степаа двајца верници
и го фрлија шанкот низ прозорец.
Чашите испарија, вискито се изтури
на ситни парчиња стакло.
Огледалата престанаа да работат.
Се појави еден од обезбедувањето
(гласот му звучеше како да жабуркал срча)
и сите ги избрка надвор.
Кој сега ќе ги плати сметките? – врескаше
еден опозиционер.
Надвор ноќта се разминуваше со зората.
Тенка е границата меѓу стварноста
и илузијата –
рече маѓионичарот и сите ги
претвори во полноглавци.
Каде сега? – се запрашаа.
Во првата ноќна бара –
рече барменот и ги поведе,
онака како што се водат верници
кон некоја ветена, света земја.