СМС од Бетовен: „silencio“

[fblike]

Сакав нешто да кажам на ФБ
ама ми стига СМС од Бетовен
„silencio“
„Извини не те разбирам“ – одговорам ко глуп
„ќути си“ – ми вика
„ама зошто?“
„пошто ќе истрескаш нешто без везе“
„хмм, имам милион причини за тоа“
„не, имаш само една ама ај батали
вечерва, плизззззззз“
„ок, ќе си ќутам денес ама да знаеш дека
ми е преку к.. од мртви типови
што ми солат памет, јасно?“
Нема одговор
Пак вртам пак нема одговор
Пак вртам ама до крај, аутоматот ми вика
„претплатникот не е достапен од 29 март 1827-ма“
Мислам дека чудни работи ми се случуваат ?!!?

Посетено 476 пати